Чаир не виде мака во Штип

Ракометарките на Чаир на гостувањето во Штип кај Астибо без многу проблеми триумфираа со 42:26 во заостанатиот натпревар од 5. коло од Женската лига.

Победникот на овој дуел веќе беше познат во првите 30 минути, во кои избраничките на Басри Љатифи одиграа доминантно и на пауза заминаа со предност од 14 гола, 24:10.

Вториот дел беше повеќе формалност, односно рутинско одработување на задачата од страна на скопскиот тим.

Најефикасна во победничката екипа беше Михаела Ангеловска со осум погодоци, а ја следеa Биљана Дамчевска и Теодора Дукоска со по шест реализации.

Во поразениот табор, стандардно, најефикасна беше искусната Марија Анчева, која зад своето име запиша 11 погодоци.