ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Вардар на сериозен испит кај Мелсунген

Македонскиот вицепрвак Вардар денеска ќе го одигра вториот натпревар во Лигата на Европа.

Втор ривал на „црвено-црните“ ќе биде тимот на Мелсунген, кој е предводен од екс тренерот на Вардар, Роберто Гарсија Падондо.

Мелсунген, исто како и Вардар, имаше победнички старт во второто по ранг европско клупско натпреварување.

Бундеслигашот славеше над Порто со 29:24, додека македонскиот тим беше убедлив против Валур, триумфираше со 33:26.

Српскиот шампион Војводина во „Спенс Арена“ ќе биде домаќин на Кил, додека Нексе Нашице првите бодови во новата сезона ќе ги бара во Шпанија кај Торелавега.

Лига на Европа, 2. коло, распоред:
18:45 ГЛОГОВ – КОНСТАНЦА
18:45 ГОГ – ЛУЦЕРН 
18:45 ГРАНОЉЕРС – МОНПЕЛЈЕ 
18:45 МЕЛСУНГЕН – ВАРДАР
18:45 ПРЕШОВ – КАДЕТЕН
18:45 САВЕХОФ – ТУЛУЗ
18:45 СЕСВЕТЕ – ТАТАБАЊА
18:45 ВОЈВОДИНА – КИЛ
18:45 ИШТАД – БИДАСОА
20:15 ВАЛУР – ПОРТО
20:45 АДЕМАР – ГОРЕЊЕ
20:45 БЕНФИКА – ЛИМОЖ
20:45 СИЛКБЕБОРГ – ЗАБЖЕ
20:45 КАРВИНА – ФЛЕНСБУРГ
20:45 ТОРЕЛАВЕГА – НЕКСЕ
22:30 ФХ – ГУМЕРЗБАХ

Денеска ќе има еден натпревар на домашната програма, ќе играат Астибо и Чаир во рамки од 5. коло од единственото женско сениорско натпреварување. Натпреварот е закажан со почеток од 18:00 часот.