Металург Автокоманда ја запиша третата победа во третиот натпревар од Женската лига, откако славеше против Овче Поле Славјански Универзитет со 38-13.
Избраничките на Јулијана Дамчевска уште по првиот дел ја обезбедија победата, кога водеа со 20-7, а вториот дел беше само формалност.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Стефани Ристиќ со седум и Таида Беровиќ со пет погодоци, додека кај гостинките се истакнаа Јована Ангеловска со пет гола.
Ова беше првиот од трите натпревари во три дена за тимот од Автокоманда, кои следуваат по враќањето од Турција, каде го играа двомечот со Гореле во Европскиот Куп.
Утре од 16:30 часот следува натпревар со Пелистер, додека в недела од 14:00 часот, Металург Автокоманда ќе му гостува на Куманово.