Петровиќ: Нема тајни меѓу нас и Охрид, одиме по нови бодови

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер во добра атмосфера по ремито со Спортинг Лисабон во Лигата на шампионите ќе ги дочека следните натпревари во домашното првенство и во елитната конкуренција.

Тимот на Бранко Ангеловски го очекува дуелот со залетаниот Охрид, кој досега запиша шест победи на шест одиграни натпревари во Супер лигата, но имаше полесен распоред и полесни ривали.

Битолчани имаат загубено досега само од Вардар на гостувањето во Скопје, а победуваа кај Куманово, Тиквеш и Бисинов, додека на домашен терен беа подобри од Пролет и Струга.

Десниот бек Павле Петровиќ има своја улога во тимот, особено на натпреварите од Супер лигата, вели дека знаат се за противникот и тој и неговите соиграчи одат по триумф за нови бодови.

„Имаме многу кратко време да се подготвиме за натпреварот со Охрид, но така е во текот на целата сезона кога се играат натпревари напоредно за Лига шампиони и домашното првенство, напорно е да се игра среда-сабота. Се подготвуваме и тренираме силно и продолжуваме во истото темпо како против Спортинг. Одиме на победа со Охрид и така ќе биде до крајот на сезоната. Што се однесува до екипата на Охрид тие ни се позната екипа поради тоа што од ланската сезона имаат голем број исти играчи и затоа немаме некои тајни меѓусебе. Знаеме со кој играме и знаеме како да се подотвуваме. И секако одиме на победа да запишеме нови бодови“, изјави Петровиќ.

Во последните две сезони екипите на Еурофарм Пелистер и на Охрид играле петпати на официјални средби во Првенствот и Купот, и на сите победиле домашните ракометари. Лани во Битола триумфираше Еурофарм Пелистер со 31-27, и тоа со пресврт во последната четвртина од натпреварот во корист на битолчани.

Сезонава Охриѓани се засилија со повеќе квалитетни ракометари, а тимот на Еурофарм Пелистер ја подига формата во играта. Осоколени после добрата партија во средата, имаат нов мотив за докажување.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1АЛКАЛОИД770014
2ОХРИД660012
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР650110
4ВАРДАР 1961650110
5БУТЕЛ63036
6ТИКВЕШ 201462135
7ПРИЛЕП62135
8КУМАНОВО62044
9ПРОЛЕТ61234
10СТРУГА61052
11БИСИНОВ Ф. Л.71062
12РАДОВИШ60060

Алушовски: Притисокот и фаворитската улога се кај Еурофарм Пелистер, ние немаме што да загубиме

Ангеловски пред дербито на колото: Ја имаме насоката како треба да играме против Охрид