Тасески: Не одиме со „бело знаме“ во Битола

Капитенот на Охрид, Иван Тасески, се враќа на терен по повредата и ќе биде дел од ростерот на „гладијаторите“ за мечот со актуелниот шампион Eурофарм Пелистер.

Кружниот напаѓач смета дека мора да се запре брзиот центар и транзицијата на битолчани, да се игра добра одбрана и вели дека нема да се оди со ‘бело знаме’ во Битола.

„Сигурно нема да одиме во Битола со ‘бело знаме’ и да се предадеме од стартот. Одиме кај шампионот на Македонија и ќе дадеме се од себе за да одиграме добар натпревар, а доколку ни се пружи некоја шанса ќе гледаме да ја искористиме. Мораме да играме добра одбрана, да ги запреме нивниот брз центар и транзиција, а не смееме да правиме ниту технички грешки“, изјави Тасески.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид ќе се игра в недела во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.