Вардар славеше против исландскиот Валур со 33-26 во првата рунда од групната фаза во Лигата на Европа.
Одлична партија во вардаровиот дрес имаше Марко Срдановиќ, кој зад своето име запиша шест погодоци.
Левото крило ги сподели своите импресии по убедливиот старт на „црвено-црните“ во второто по ранг европско клупско натпреварување.
„Драго ми е што ние сме победници на мечот. Знаевеме дека Валур е екипа која цело време ќе трча, така се спремавме цела недела. Сакавме да ја успорме таа транзиција и успеавме делумно во тоа. Тоа резултираше со победа. Имавме и доста грешки и тоа треба да го подобриме. Ова за доста играчи е прва европска победа и се надевам така ќе продолжиме“, изјави Срдановиќ.
Следен предизвик на Вардар во Лигата на Европа ќе биде гостувањето во Германија кај Мелсунген.