Левиот бек Дмитро Горига ќе биде надвор од терените подолго време, откако заработи тешка повреда на шутерската рака.
Oва ќе биде голем проблем за Вардар бидејќи украинскиот репрезентативец беше меѓу најдобрите играчи на почетокот на сезоната.
Станува збор за повреда на шутерската рака – скината тетива, а дополнително ќе биде познат периодот на пауза од ракометните терени.
Вардар утре го очекува првиот европски настап сезонава, а гостин во СЦ „Јане Сандански“ ќе биде исландскиот Валур.
Тренерот Владо Недановски на левата бековска позиција ќе смета на Петриќ, Николиќ и Борозан.