Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер денеска ги пушти во продажба билетите за натпреварот со Спортинг Лисабон.
Пелистерци во натпревар од 4. коло од Лигата на шампионите на 9 октомври ќе му бидат домаќини на португалскиот тим.
Екипата на Спортинг Лисабон тргна одлично во европската елита, моментално има „три од три“, додека Еурофарм Пелистер се уште нема освоено бод на свое конто.
Билетите ќе можат да се купат онлајн на следниов ЛИНК, како и на уште три локации низ Битола.
Цените на билетите за овој натпревар се 450 денари, односно 550 денари, во зависност од местото на седење во салата „Боро Чурлевски“.