Македонец се израдува на злато на Светското клупско првенство!

|
12:49

Димитар Маневски е вториот Македонец кој освои златен медал на Светското клупско првенство.

Физиотерапевтот на гигантот Веспрем, кој веќе долго време е во Унгарија, заедно со играчите и стручниот штаб се израдуваа на драматична победа по продолженија над Магдебург, кој три пати во серија освојуваше злато.

Претходно Веспрем во полуфиналето, исто така по продолженија елиминира уште еден гигант, Барселона.

Маневски претходно со екипата на Вардар има злато и од Лигата на шампионите во 2017 година.

Кире Лазаров е првиот Македонец со титули од Светското клупско првенство, кое го освои два пати со Сиудад Реал, односно Атлетико Мадрид и со два пати со Барселона.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Стартува новото суперлигашко коло – Вардар домаќин на Пролет

Автор: Влатко Мирчески
| 4 октомври 2024
10:00

Денес со натпреварот Вардар – Пролет ќе стартува новото, 6. коло во суперлигашката конкуренција.

Натпреварот со Пролет за Вардар ќе биде последна проверка на силите пред првиот меч во групната фаза во Лигата на Европа.

Вардарци на 8 октомври во СЦ „Јане Сандански“ ќе го пречекаат исландскиот Валур, па така денешниот натпревар против Пролет ќе биде добра прилика за подготовка.

Вардар во досегашниот тек од сезоната оствари четири победи, доживеа еден пораз, оној на стартот во Автокоманда, додека Пролет на свое конто има четири бодови.

Освен во Македонија, денеска ќе се игра во Бундес и Асобал лигата, потоа во Франција, Хрватска, Австрија, а ќе има и неколку дуели од Европскиот Куп во женска конкуренција.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

18:30 ВАРДАР – ПРОЛЕТ (МАКЕДОНИЈА)
19:00 МЕТКОВИЌ – ЗАГРЕБ (ХРВАТСКА)
19:00 ДУБОЧИЦА – ВОЈВОДИНА (СРБИЈА)
19:00 ЈАГОДИНА – ХАЏИЦИ (ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 САЛЕРНО – ВИФ (ЕВРОПСКИ КУП)
19:00 АЛПЛА – ГРАЦ (АВСТРИЈА)
20:00 ИСТРЕС – ЛИМОЖ (ФРАНЦИЈА)
20:00 ПСЖ – ИВРИ (ФРАНЦИЈА)
20:00 СЕНТ РАФАЕЛ – СЕСОН (ФРАНЦИЈА)
20:00 AДЕМАР – УЕСКА (АСОБАЛ)
20:30 ТУЛУЗ – КРЕТЕЈ (ФРАНЦИЈА)
21:30 ГРАНОНОЉЕРС – ВАЉАДОЛИД (АСОБАЛ)

Ремили е МВП на Светското клупско првенство, четворица ракометари на Веспрем во идеалниот тим

Автор: Душко Андов
| 4 октомври 2024
10:41

По триумфот на унгарскиот Веспрем над Магдебург со 34-33 во финалето на Светското клупско првенство во Каиро, ИХФ го прогласи и идеалниот тим.

Во најдобрата седморка се најдоа дури четворица ракометари на Веспрем, а за МВП беше избран десниот бек Недим Ремили.

Ремили постигна 20 гола на четири меча, но подели и 17 асистенции, па беше клучната фигура во Веспрем на Светското клупско првенство.

Покрај најкорисниот играч Ремили, во идеалниот тим се најдоа Родриго Коралес, Лука Циндриќ и Уго Деска.

Меѓу најдобрите има и двајца играчи на Магдебург – левиот бек Гисли Кристјансон и десниот бек Омар Игни Магнусон, а имаше место и за десното крило од Барса, Алеиш Гомеш и пивотот од Ал Ахли, Ахмед Адел.

Блесок на Димевски, Куманово го освои Велес!

Автор: Душко Андов
| 2 октомври 2024
21:04

Тимот на Куманово ја запиша втората сезонска победа во суперлигашкото друштво, откако славеше на гостински терен кај новиот член на елитата Бисинов, со пет гола разлика, 30-25.

Творци на победата беа искусниот голман Стефан Кимевски, кој запиша 11 интервенции, како и младинскиот репрезентативец Давид Димевски, кој со 12 гола беше нерешлива енигма за „овоштарите“.

Велешани водеа со пет погодоци во првиот дел, 11-6, но влегоа во една „црна дупка“ во нападот, сите грешки им беа казнети од страна на Куманово и гостите за кратко време израмнија на 11-11.

Во вториот дел гостите поведоа со два гола, 15-13, потоа и со три, 21-18, а до крајот без особени проблеми успеаја да го задржат водството и да не му дозволат на домаќинот да направи камбек во натпреварот.

Покрај Димевски, во составот на Куманово, се истакна и десниот бек Винисиус со осум погодоци, додека кај велешкиот тим, Илиев и Ончев имаа по шест реализации. Во следното коло, Бисинов му гостува на Охрид, додека Куманово ќе игра дома против шампионот Еурофарм Пелистер.

ПозЕкипаНПРЛБ.
1ОХРИД550010
2АЛКАЛОИД550010
3ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР54018
4ВАРДАР 196154018
5ПРИЛЕП52125
6БУТЕЛ52034
7КУМАНОВО52034
8ПРОЛЕТ51224
9ТИКВЕШ 201451133
10БИСИНОВ Ф. Л.51042
11СТРУГА51042
12РАДОВИШ50050

Магдебург и Веспрем „бркаат“ чек од 350.000 долари

Автор: Душко Андов
| 3 октомври 2024
10:41

Во финалето на Светското клупско првенство во Каиро, денеска од 19:00 часот ќе играат бундеслигашот Магдебург и унгарскиот Веспрем.

Магдебург има шанса да освои четврти трофеј по ред, откако славеше на претходните три изданија, кога ова натпреварување го носеше името Супер Глоуб.

Веспрем досега има освоено два трофеи на меѓународна сцена – во ЕХФ Купот, па доколку слави тоа ќе биде трет трофеј за унгарскиот гигант.

Освен за златото, германскиот и унгарскиот тим ќе се борат и за паричната награда од 350.000 американски долари, додека за второпласираниот тим, ИХФ ќе додели 100.000 американски долари.

Во битката за третото место ќе играат египетскиот Ал Ахли и каталонскиот гигант Барселона, а освојувачот на бронза ќе добие 50.000 долари.

Драма во Каиро: Продолженијата кобни за Барса, Веспрем ќе игра финале

Автор: Влатко Мирчески
| 1 октомври 2024
18:22

Унгарскиот гигант Веспрем е првиот финалист на Светското клупско првенство во Египет, откако славеше над Барселона со 39:34 по продолженијата од по пет минути.

Во големата борба во регуларниот дел од натпреварот немаше победник, беше 29:29 по 60 минути игра, а трагичар на каталонците беше Алеиш Гомез, кој промаши пенал на десетина секунди пред крајот.

Во продолженијата подобро се снајдоа избраниците на Чави Пасквал, па така унгарскиот шампион ќе се бори за златниот медал.

Второто полуфинале од Светското клупско првенство, во кое ќе играат Магдебург и Ал Ахли, е на програмата од 19:00 часот.

Правдата на овој дуел ќе ја дели најдобрата судиска двојка од Македонија – Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Завршниот ден е резервиран за четврток, односно 3 октомври, по што ќе биде познат конечниот пласман.