Француската ракометна федерација по завршувањето на еден од олимписки циклус, направи промени во сите младински селекции.
Легендарниот Мишел Гигу, кој во 2022 ја заврши играчката кариера, ќе биде селектор на машката пионерска репрезентација и полека ќе го „пече“ занаетот.
Поразот од Македонија на последниот натпревар на младинското ЕП во Словенија, беше и последен меч на француската клупа за селекторот Јоан Делатре.
Тој доби прекоманда и ќе биде дел од стручниот штаб на Гијом Жил во сениорската репрезентација на Франција.
Селектор на кадетите ќе биде Франк Пруф, додека младинците на Франција во иднина ќе ги води Гијом Жоли.