Оваа недела ќе се одиграат петтото вонредно и шестото коло од новата сезона во Супер лигата. Од утре до понеделник, суперлигашки ракомет ќе се игра насекаде низ Македонија, а на програмата ќе бидат 12 натпревари.
Eзерското дерби на кое Охрид е фаворит треба да привлече внимание, а најинтересно се очекува да биде в четврток во Кавадарци, каде Тиквеш ќе ги пречека „сино-белите“ од Автокоманда.
Вардарци одат на гостување кај Бутел Скопје, кој може да биде незгоден ривал, додека сметката за поразот во вечното дерби се очекува да ја плати Пролет, кој оди на гости кај шампионот Еурофарм Пелистер.
Новиот суперлигаш Бисинов во Велес ќе го пречека Куманово, а со оглед на израмнетиот квалитет на овие две екипи, се очекуваат возбудувања и во салата „Гемиџии“.
Прилепчани ќе бараат враќање на победничките патеки и ја имаат фаворитската улога против составот на Радовиш, кој досега нема освоено бодови.
Поради европските обврск, Вардар уште в петок ќе игра против Пролет, в сабота Охрид ќе има лесна задача дома со велешани, додека в недела Бутел Скопје ќе бара бодови против Прилеп.
Шампионот Еурофарм Пелистер по нови бодови оди кај Куманово, исто ќе го направи и Тиквеш кој ќе гостува во Радовиш, додека „сино-белите“ од Автокоманда ги очекува уште една лесна задача со Струга в понеделник.
Супер лига, распоред на натпревари:
02/10, 16:30, Струга – Охрид
02/10, 18:00, Еурофарм Пелистер – Пролет
02/10, 18:00, Бутел Скопје – Вардар
02/10, 19:30, Бисинов – Куманово
02/10, 19:30, Прилеп – Радовиш
03/10, 19:30, Тиквеш – Алкалоид
04/10, 18:30, Вардар – Пролет
05/10, 18:00, Куманово – Еурофарм Пелистер
05/10, 18:30, Охрид – Бисинов
06/10, 18:00, Бутел Скопје – Прилеп
06/10, 18:00, Радовиш – Тиквеш
07/10, 17:00, Алкалоид – Струга