Тимот на Кичево, кој со победа ја започна новата сезона, во прволигашките битки ќе биде посилен со Стефан Лозаноски.
Лозаноски во Кичево доаѓа од суперлигашот Прилеп, клуб во кој настапуваше од почетокот на неговата кариера.
Прилепчанецот, кој игра на левата и средна бековска позиција, на првиот натпревар, против Астраион, беше втор стрелец и покажа дека ќе биде големо засилување.
Кичево за ривали во групата А ги има екипите на Овче Поле, Аеродром, Јехона, Мулти Есенс, Еурофарм Пелистер 2, Астраион и Металург РА.