Јотиќ: Среќен сум што пристигнав во Охрид, имам голема почит кон Македонците

Тимот на Охрид го промовираше големото засилување за новата сезона – хрватскиот среден бек Ловро Јотиќ.

Тоа што го најави 24Ракомет пред два дена, денеска доби своја официјализација, откако „гладијаторите“ објавија дека е потпишан договор со екс членот на Вардар и Еурофарм Пелистер до 2026 година.

,,Среќен сум и задоволен што конечно пристигнав во Охрид. Бев примен од играчите и раководството на најдобар можен начин. Трет пат доаѓам во Македонија и затоа имам голема почит кон Македонците. Каде и да сум бил! Ме чека првиот тренинг со тимот и треба полека да се вклопам во тимот. Имаме многу работа, но мислам дека можеме да очекуваме добра сезона. Не сакам да давам големи најави, но ќе работиме да бидеме подобри од натпревар во натпревар и на крајот ќе видиме до каде сме и што направивме”, изјави Јотиќ.

Јотиќ ќе биде големо засилување за Охрид, дотолку што одлично се познава со тренерот Стефче Алушовски.

,,Ја продолжува соработката воспоставена во Пелистер и Вардар. Добро ги познавам квалитетите на Јокиќ кој очекувам брзо да се вклопи во екипата. Тој е одличен човмеек со извонредничовечки квалитети”, изјави Алушовски.