На Бутел му требаа само десетина минути да направи двоцифрена предност со која го реши победникот на средбата со Радовиш. Скопјани славеа со 37-28 (19-16), и со новите бодови се искачија на делба на петтото место заедно со Пролет, а Радовиш останува закован на дното беа освоен бод.
За очекување беше Бутел да триумфира на гости, но дури на почетокот на вториот дел ја направи предноста со која ги реши дилемите. Димитар Узунчев имаше двоцифрен број на голови на средбата, а во клучниот период даде пет гола кога неговиот тим резултатски се одлепи. На крајот од мечот Узунчев имаше вкупно 14 гола и беше најефикасен на средбата.
Во првиот дел разликата што ја имаше Бутел беа максимално пет гола, а Радовиш не дозволуваше лесно да ја загуби трката. Но, искуството и подобрата игра беа пресудни.