Некогашниот ракометар на Вардар, Анте Гаџа, ќе има нов предизвик во актуелната сезона и одново ќе стане интернационалец.
По една сезона мината во татковината во дресот на Нексе Нашице, Гаџа се сели во швајцарскиот Вакер Тун.
Хрватскиот среден бек лани беше во комбинација за камбек во Македонија, но тој трансфер не се реализира.
Гаџа во кариерата има настапувано за Иваниќ Град, Загреб и Нексе во два наврати, а освен дресот на Вардар, го носеше и дресот на Ал Нор од Саудиска Арабија.