ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Бутел на гости кај Радовиш, дамите на втор тест со Австрија, три прволигашки средби

Денеска во центарот на вниманието на ракометната јавност ќе биде последниот натпревар од 4 коло во Супер лигата.

Бутел Скопје гостува кај Радовиш во натпревар на кој момците на Горан Кузманоски ја имаат фаворитската улога за бодови.

Женската репрезентација на Македонија ќе го игра денеска вториот тест против еден од домаќините на ЕП 2024, Австрија.

На македонските терени ќе има уште три прволигашки средби во Штип, Кичево и Гевгелија.

На меѓународна сцена се играат трите последни средби од групната фаза на Светското клупско првенство во Каиро.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

13:00 ТЕКСТИЛЕЦ – ПРЕСПА ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
14:00 КИЧЕВО – АСТРАИОН (МАКЕДОНИЈА)
16:00 ПАРТИЗАН ГЕВГЕЛИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП (МАКЕДОНИЈА)
18:00 РАДОВИШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ (МАКЕДОНИЈА)
14:45 АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА (ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАР)
14:00 АЛ КАЛЕЈ – МАГДЕБУРГ (СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО)
16:30 ЗАМАЛЕК – ВЕСПРЕМ (СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО)
19:00 АЛ АХЛИ – БАРСЕЛОНА (СВЕТСКО КЛУПСКО ПРВЕНСТВО)