ЕХФ „удри“ по џебот на Турците

Ракометниот Суд на Европската ракометна федерација донесе одлука по отворената постапка против Турската федерација.

Беше отворена процедура против турската делегација за однесување на ЕХФ шампионатот во Косово.

ЕХФ ја казни турската федерација со 3.000 евра за неспортско и несоодветно однесување на делегацијата.

Турците го освоија шестото место на ЕХФ шампионатот во Косово и не успеаја да обезбедат промоција на ЕП.