Некогашниот среден бек на Металург, Марко Тарабокија, во новата сезона ќе ги брани боите на Метковиќ Механика.
Тој по долги години настапи надвор од татковината ќе се врати дома и ќе му стане соиграч на десниот бек Дејан Гошевски.
Тарабокија беше дел од Металург во сезоната 2020/21, а потоа замина во Унгарија каде ги бранеше боите на Дабас и Фејер Веспрем.
Плејмејкерот настапуваше и за полската Висла Плоцк, унгарскиот Чурго, хрватскиот Сесвете, словенечкиот Марибор…