Нов селектор на машката репрезентација на Иран стана легендарниот Шпанец Рафаел Гихоса, објави тамошната федерација.
Гихоса го замени на клупата на Иран некогашниот стратег на Вардар и селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ.
Шпанецот има 55 година, како играч со Барселона стана пет пати европски првак, а за селекцијата на „фуријата“ одигра 119 натпревари.
Како тренер ги водеше шпанските клубови Алкобендас, Толедо и Адемар Леон, иранскиот Самен Ал Хоџаџ и катарскиот Ал Араби.
Тој се враќа во позната средина, откако го водеше Иран во 2013 година, а беше селектор и на Руанда.