Претстојниот викенд ќе се одигра третото коло од новата сезона во Супер лигата, а на програмата се пет натпревари, бидејќи дуелот на Тиквеш е одложен поради европските настапи.
Стружани ќе го пречекаат тимот на Пролет, кој има две реми на почетокот на сезоната. Домаќините имаат два порази, ослабен и подмладен ростер во однос на минатата сезона, па гостите влегуваат како фаворити на овој натпревар според прикажаното досега.
Шампионот Еурофарм Пелистер треба да има лесна задача на гостувањето во Велес кај новиот суперлигаш, додека Вардар исто така се очекува лесни да ги освои бодовите на гости кај Радовиш. Гостинските екипи се фаворити на овие два меча, а на домашните им останува да пружат колку што можат посилен отпор.
Охрид има два од два и оди на незгодно гостување кај Прилеп, кој исто така нема пораз по две кола. Избраниците на Стевче Алушовски можеби поради поискусниот тим се во блага предност, но за нешто се прашуваат и домашните кои ќе се обидат да направат нешто повеќе на овој дуел.
Кавадарчани по европските настапи ќе имаат домашен двобој со Куманово на кој ќе ја бркаат првата сезонска победа и ќе бидат фаворити, додека дербито на колото ќе се игра во населбата Бутел.
Таму домашниот тим ќе го пречека актуелниот освојувач на трофеите во Купот и Супер Купот. Натпреварите меѓу овие две екипи секогаш биле неизвесни и интересни, а така се очекува да биде и овојпат. „Сино-белите“ од Автокоманда се во добар моментум и ќе се обидат да го искористат тоа, но нема сомнеж дека домашните ќе бидат силно мотивирани да стигнат до нови суперлигашки бодови.
Супер лига, 3 коло, распоред:
21/09, 17:00, Струга – Пролет
21/09, 18:00, Бисинов – Еурофарм Пелистер
21/09, 18:00, Прилеп – Охрид
21/09, 18:00, Бутел Скопје – Алкалоид
21/09, 18:30, Радовиш – Вардар
25/09, 19:00, Тиквеш – Куманово