Кузманоски: Ќе им го сменам менталитетот на младите – треба да веруваат повеќе во себе!

По триумфот над Куманово во првото коло, ракометарите на Бутел Скопје загубија на гостински терен кај амбициозниот Охрид со 26-23.

Тренерот Горан Кузманоски вели дека неговите момци се бореа до крајот, но пресуди повредата на Драган Шољиќ, падот на играта во финишот на првиот дел и подолгата ротација и поискусните играчи на домаќинот.

„Бевме фокусирани и спремни за овој меч, бидејќи ако не е така против ваква екипа како Охрид разликата уште од стартот може да биде голема. Ние бевме фокусирани со 200%, на почетокот се виде тоа, игравме добра одбрана заедно со голманот и одбраната функционираше добро. Фокусот ни падна во одредени моменти во финишот на полувремето и Охрид дојде до два разлика со подолга ротација и поискусни играчи. Во вториот дел иако се бореа моите играчи, паднавме кога ни се повреди клучниот играч во одбраната, Драган Шољиќ, но во нападот дававме голови и одржувавме негатива од три-четири гола. Знам дека мојата екипа може повеќе, без разлика на се мора да растеме. Не смееме да паѓаме по еден ваков пораз, не чекаат уште тешки натпревари и како што кажав со континуитет од вакви натпревари, сметам дека ќе има голем прогрес оваа екипа, која има многу млади играчи, но јас ќе им го сменам менталитетот да веруваат повеќе во себе“, изјави Кузманоски.

Следен предизвик за Бутел Скопје ќе биде натпреварот против актуелниот освојувач на Купот и Супер Куп трофејот, „сино-белиот“ тим од Автокоманда.

Охрид „се разбуди“ во 25 минута и триумфираше против Бутел