Пред европскиот двомеч со грчката Драма, тимот на Тиквеш од Кавадарци донесе уште едно интернационално засилување.
Станува збор за средниот бек Игор Кривокапиќ, кој своето деби ќе го има веќе денеска на првиот меч против Драма.
Кривокапиќ доаѓа од полскиот тим Островија, каде играше минатата сезона и ќе биде замена за Славчо Шулески, кој ќе биде отсутен подолго време од терените.
Црногорецот има 31 години и големо искуство низ европските терени. Настапуваше во Израел, Романија, Босна и Херцеговина, а потекнува од познатата школа на Ловќен.
За мечот со Драма во составот се враќа Страхиња Симиќ, но ќе биде отсустен десниот бек Ани Обина.
Кавадарчани сега се предводени од македонскиот стратег Кристијан Грчевски, кој го замени Драган Марковиќ на кормилото.