Денеска ќе бидат одиграни два меча од Женската лига во Македонија во Куманово и во Гевгелија.
Во Куманово, домаќинките ќе го пречекаат составот на Пелистер. Двата тима имаат променети ростери во споредба со минатата сезона, па ќе биде интересно да се види како ќе се одвиваат настаните на теренот.
Во Гевгелија, домаќинките кои завршија на последното место минатата сезона, го пречекуваат тимот на Овче Поле Славјански Универзитет, кој исто така остана без неколку од поискусните ракометарки.
Во Лигата на шампионите кај жените, денеска ќе се играат четири натпревари, а има натпревари и во Бундес лигата, Франција, Унгарија, Словенија…
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
14:00 БУДУЌНОСТ – БРЕСТ (ЛШ)
14:00 КУМАНОВО – ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
15:00 ХАМБУРГ – МАГДЕБУРГ (БУНДЕС)
16:00 ЗАГРЕБ – КОКА (ХРВАТСКА)
16:00 ЧСМ – СТОРХАМАР (ЛШ)
16:00 ЕСБЈЕРГ – ОДЕНСЕ (ЛШ)
16:30 ГУМЕРЗБАХ – ЛЕМГО (БУНДЕС)
16:30 ШТУТГАРТ – ФЛЕНСБУРГ (БУНДЕС)
16:30 ВЕЦЛАР – ХАНОВЕР (БУНДЕС)
17:00 БАЈА МАРЕ – СЛАТИНА (РОМАНИЈА)
17:00 БУАУ – ЗАЛАУ (РОМАНИЈА)
17:00 ЛИМОЖ – ПСЖ (ФРАНЦИЈА)
17:30 ГЕВГЕЛИЈА – ОВЧЕ ПОЛЕ СУ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БАЛАТОНФУРЕДИ – ВЕСПРЕМ (УНГАРИЈА)
18:00 ОСИЈЕК – МЕТКОВИЌ (ХРВАТСКА)
18:00 ФУКСЕ БЕРЛИН – ЛАЈПЦИГ (БУНДЕС)
18:00 ГОРЕЊЕ – СЛОВАН (СЛОВЕНИЈА)
20:00 ФРЕДЕРИЦИЈА – СКЈЕРН (ДАНСКА)