ТРИ ЅВЕЗДИ НА 1. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Единствениот специјализиран портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно и „ѕвезда на колото“ во женската Супер лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено, и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што за третпат ќе биде направен во првенството на Македонија.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на првото коло во единствената женска сениорска конкуренција во Македонија.

Во изборот за ѕвезда на првото коло има по една ракометарка од Вардар, Пелистер и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Женска лига, 1. коло, резултати:

Група А
Чаир – Стружанка 36:16 (ИЗВЕШТАЈ)
Скопје – Астибо 28:30 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЧАИР880024
2АСТИБО850315
3СКОПЈЕ841313
4МРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ82157
5СТРУЖАНКА80080

Група Б
Овче Поле СУ – Металург Автокоманда 13:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Пелистер – Гевгелија 38:12 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА871022
2КУМАНОВО861119
3ПЕЛИСТЕР 2012840412
4ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.82066
5ГЕВГЕЛИЈА80080

Група В
Деспина – Вардар 21:33 (ИЗВЕШТАЈ)
Шампион – Ѓорче Петров 14:56 (ИЗВЕШТАЈ)

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ880024
2ВАРДАР860218
3ДЕСПИНА840412
4СПАРТАК82066
5ШАМПИОН80080

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 1. КОЛО ОД ЖЕНСКАТА ЛИГА?

Моника Босилковска - Пелистер
51.05%
Леона Миленкоска - Вардар
43.14%
Рона Мифтари - Чаир
5.80%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 1. КОЛО

Леона Миленкоска (Вардар) – Младинската репрезентативка имаше одлична партија на гостувањето во Прилеп и со осум погодоци ги предводеше „црвено-црните“ до убедлива победа.

Моника Босилковска (Пелистер) – Десното крило продолжува со одличната форма од минатата сезона, на натпреварот против Гевгелија беше најпрецизна, имаше 11 реализации.

Рона Мифари (Чаир) – Големата надеж на Чаир беше расположена во првото коло против Стружанка и зад своето име запиша 11 погодоци.