Прв интернационален предизвик – Јана Равојска потпиша за Јагодина

Младинската репрезентативка на Македонија, Јана Равојска, од ова лето го има првиот интернационален предизвик.

Левото крило ќе ги брани боите на поранешниот првак на Србија, Јагодина, каде што веќе игра уште една младинска репрезентативка на Македонија.

Таа ќе и биде колешка на Сара Стефаноска, која минатата полусезона направи трансфер во Јагодина и одлично се снајде.

Равојска дел од минатата сезона го помина во составот на Скопје, а претходно играше и за тимот на Вардар.