Денеска стартува официјалниот дел од сезоната во Македонија со Супер Куп натпреварот меѓу шампионот Еурофарм Пелистер и освојувачот на Купот – тимот на Кире Лазаров.
Тренерот на битолчани, Бранко Ангеловски, вели дека доволно е познат ривалот и смета дека неговата екипа ќе се прикаже во најдобро светло.
„Се работи за еден натпревар, натпревар за трофеј. Играат две екипи кои минатата сезона освоија по еден трофеј. Голем дел од работите ги знаеме, го знаеме противникот и мислам дека ќе се покажеме во најдобро светло“, изјави Ангеловски.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и „сино-белите“ од Автокоманда се игра вечерва во салата „26 април“ во Гевгелија од 19:00 часот.