Денеска ќе завршат и последните подготвителни турнири во машка и женска конкуренција што се играат во Македонија.
На меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ од 15:00 часот во финалето за трофеј ќе се борат Охрид и Еурофарм Пелистер 2.
Претходно Тиквеш и Врање ќе се соочат во битката за третото место, додека домаќинот Прилеп ќе игра против Куманово за петтото место.
На турнирот „Ѓорче Куп“, македонскиот првак против српскиот тим Напредак Крушевац од 21:00 ќе игра меч за трофеј.
Два часа пред финалето ќе се игра меч за петтото место, додека во утринскиот термин за третото место ќе играат Бор и Железничар.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
11:00 БОР – ЖЕЛЕЗНИЧАР (ТУРНИР ЃОРЧЕ КУП)
11:00 ПРИЛЕП – КУМАНОВО (ТУРНИР МИЛЕ НЕШКОСКИ)
13:00 ТИКВЕШ – ВРАЊЕ (ТУРНИР МИЛЕ НЕШКОСКИ)
15:00 ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (ТУРНИР МИЛЕ НЕШКОСКИ)
19:00 ЧАИР – ВАРДАР (ТУРНИР ЃОРЧЕ КУП)
21:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – НАПРЕДАК КРУШЕВАЦ (ТУРНИР ЃОРЧЕ КУП