Денеска ќе стартува новата европска сезона со квалификациските натпревари од единственото коло во машката Лига на Европа.
Македонскиот претставник Вардар е пласиран директно во група, заедно со португалскиот Порто, а во групната фаза ќе ги чекаат уште победниците од дуелите меѓу Мелсунген и Елверум, односно Валур и Спачва Винковци.
Возбудувања треба да донесат и средбите меѓу Силкеборг и Ференцварош во Данска, како и оној во Шведска меѓу Кристијаншад и Гранољерс.
Мартин Поповски со швајцарскиот Цирих ќе игра двобој со локалниот ривал Луцерн Криенс, додека селекторот на младинците на Македонија, Раде Стојановиќ и неговиот Тримо Требње ќе бидат на испит против францускиот Лимож.