Тимот на Цирих каде што игра македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, стартуваше победнички во новата сезона во швајцарскит шампионат.
Цирих предводен од десното крило, кое игра и како бек, славеше на гостувањето кај Базел со 26-21.
Поповски беше најдобар стрелец на теренот во двата тима и успеа да постигне шест погодоци од седум обиди.
Цирих и македонскиот репрезентативец во следното коло ќе играат на домашен терен против составот на Кројцлинген.