Најдобриот среден бек во изборот на 24Ракомет за минатата сезона, Леонора Рахмани, го стартуваше својот нов предизвик во кариерата.
Поранешната членка на Чаир во претстојната сезона ќе настапува во првенството на Азербејџан во дресот на Кур.
Оваа екипа освен на домашна сцена, ќе биде активна и на меѓународна сцена и ќе настапи во Европскиот Куп.
Азербејџанскиот тим и Рахмани ќе се соочат со Јонијас во второто коло од Европскиот Куп, а двата меча ќе се играат во Грција.