Радовишани на шопинг во Неготино – ги донесоа Грујовски и Трајанов

Тимот на Радовиш, кој оваа сезона прави камбек во суперлигашката конкуренција донесе уште двајца ракометари.

Нови имиња во составот на радовишани се десното крило Филип Трајанов и средниот бек Велимир Грујовски.

Двајцата доаѓаат од тимот на Вардар Неготино, кој испадна во прволигашката конкуренција, па им беа потребни нови предизвици.

Претходно радовишани се договорија со левото крило Славе Јанковски, средниот бек Петар Стојаноски и левиот бек Марко Стојанов.