Поранешниот тренер на Еурофарм Пелистер кој сега е на клупата на грчкиот шампион Олимпијакос смета дека кога е во прашање страста, меѓу Македонија и Грција има сличности.
Олимпијакос со 28-27 го победи Динамо од Панчево и грчкиот тим е на чекор до финалето. Муостанува уште дуел против македонскиот победник на Купот.
„Во двете земји има силни и јаки навивачи. Ривалството мешу АЕК и Олимпијакос е слично како и меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Разликата е што во Македонија постојат повеќе силни екипи. Го следма македонскиот ракомет и сезонава ќе биде интересно да се види како ќе биде ривалството меѓу Вардар, еурофарм Пелистер и Алкалпид, смета Жељко Бабиќ, тренерот на Олимпијакос.
На мечот меѓу Олимпијакос и Динамо, грчкиот шампион за малку ќе направеше „од готово – вересија“, но српскиот тим самиот ј апрокоцка можноста барем да се понадева на реми.
„Не очекувавме лесен меч, знаевме дека Динамо е добра екипа, имаат карактер и добар тим, не е лесно да се игра. Ова е втор меч, малку и заморот не стигна. Важно е дека ние покажавме карактер, бевме помирни и завршивме со победа, смета Бабиќ.
Нивниот следен меч е против Алкалоид.
„Го следам македонскиот ркаомет, знам како Алклоид игра, не сум сигурен како ние играме. Ќе биде интересно во секој случај, смета Бабиќ.
View this post on Instagram
Дознајте ги сите новости поврзани со 3. издание на турнирот во Охрид во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24Ракомет.
,
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон…