Косовскиот шампион Раховец предводен од македонскиот стратег Горан Андоновски славеше на пријателски натпревар против Куманово со 34-28.
Раховец, каде што игра и македонскиот интернационалец Стефан Атанасовски, уште по првиот дел го најави триумфот во „Перо Наков“ со 19-15.
Најефикасен во редовите на Куманово беше Давид Димевски со 9 погодоци, а Бразилецот Чиао Винисиус реализираше 7 гола.
Кај косовскиот тим, најдобар беше екс вардарецот Виктор Алонсо со 6 погодоци. Кумановци следниот викенд ќе одиграат пријателски натпревар против Бутел Скопје.