🎥СТРУГА 2024: Играта ни „тече“ како што треба

Матија Николиќ, бекот на Бекот на Вардар смета дека иако „црвено-црните“ имаат нов тим со доста нови ракометари сепак многу од зададените задачи биле исполнети. Вардар го победи Тиквеш со 34-27 и е на чекор до финалето. Му останува уште дуелот со ГУИФ.

„Иако има многу нови играчи, некако се „собравме“ и играта ни тече како што треба. Воглавном сите задачи кои беа зададени гиисполнивме. Но, има уште време да с евоиграме, Но, како за прв меч е добро. Се надевам дека ќе имаме финале со Еурофарм Пелистер, и да се бориме и да покажеме, вели Матија Николиќ.

Вардар е во група со Тиквеш и ГУИФ Ескулстуна, и првопласираниот тим ќе се бори за трофејот. Македонскиот тим е актуелен победник од Струга, и најтрофеен, со вкупно 14 трофеи.