СТРУГА 2024: Верувам дека во финалето ќе имаме екипа што ќе пружи вистински отпор

Еурофарм Пелистер со триумф, 38-22 го најави враќањето на турнирот во Струга и борба за трофејот што го освоија во 2022 година. Со неколку нови играчи и засилувања, битолскиот тим помина на „брз воз“ во второто полувреме. Немаше некој поголем напор кај играчите и сите добија шанса за играње.

Хрватскиот голман Филип Ивиќ дебитираше меѓу стативите за Еурофарм Пелистер со седум одбрани. Вели дека ќе одат чекот по чекор, иа потоа во финалето ќе имаат ривал што ќе може да даде поголем отпор.

„И честитам на екипата на борбеноста до последем момент, и на ривалот. Искуството и поголемата желба, реши околу победникот. Дојдовме од тешкипордготовки и нитреба време да се воиграме. Во петок е мечоот со ПАОК, непозната екипа. Треба да ја анализираме и верувам ќе ја победиме, вели Филип Ивиќ.