ПАРИЗ 2024: Утеха и олимписка бронза за Данска!

Репрезентацијата на Данска го освои бронзениот медал на Олимписките игри, откако славеше против Шведска со 30-25.

Швеѓанките водеа само на стартот, а потоа Данска ја презема контрола и имаше водство од еден до три гола во првиот дел. На паузата се замина со водство на избраничките на Јеспер Јенсен со 15-13.

Во вторито дел исто така доминираше Данска, иако Шведска не се откажуваше и во повеќе наврати намали на минус два. Сепак немаше сили кај девојките на Томас Акснер за комплетен камбек во мечот.

Фрис, Хојлунд, Јоргенсен…погодуваа, а шведските голманки Бундсен и Ериксон не беа расположени како на претходните натпревари и на крајот Данска само рутински го заокружи натпреварот.

Најдобра кај Данска беше Хојлунд со пет погодоци, додека голманката Тофт запиша 16 одбрани. Кај Шведска се истакна Хагман со пет гола.