Познати саатниците за СП 2025: Македонија отвора во вечерен термин со Унгарија

Светската ракометна федерација ги потврди саатниците за натпреварите од групната фаза на Мундијалот во 2025 година што ќе се игра во Хрватска, Норвешка и Данска.

Машката репрезентација на Македонија своите средби против Унгарија, Холандија и Гвинеја ќе ги игра во „Вараждин Арена“.

Првиот натпревар е на програмата на 15 јануари со почеток во 20:30 часот, додека втората средба е на 17 јануари против Холандија од 18:00 часот.

Последниот дуел од групната фаза ќе се игра на 19 јануари против Гвинеја од 18:00 часот, по што ќе биде познато дали продолжуваме во главната рунда.

Ако Македонија обезбеди место во главната рунда на СП 2025 и тие натпревари ќе ги игра во Вараждин.