Домаќинот Франција беше елиминиран во четвртфиналето на Олимписките игри, иако на петнаесетина секунди до крајот имаше плус два.
Сепак Германците реализираа набрзина, а потоа Дика Мем направи почетничка грешка и на шест секунди до крајот им ја даде топката во раце на ривалите.
Усчинс погоди во последната секунда, се избори за продолженија и потоа во дополнителното време Германија знаеше како да дојде до победа.
Трагичарот Мем откри дека му е многу тешко по грешката што беше пресудна за домаќинот на ОИ да биде елиминиран.
Ова е ужасно чувство кое никогаш не сум го почувствувал. Не му го посакувам на никој. Ќе научам од оваа грешка, признавам дека направив голема грешка. Чувствувам вина, станува збор за меч кој требаше да го добиеме и навистина ми е многу тешко. Знаев дека Германците ќе извршат пресинг, па затоа побарав од соиграчите да се отворат на страна. Сакав да додадам до Пранди, но направив голема грешка и веднаш не стигна казнета. Тоа беше голем удар за мене. И покрај тоа што моите соиграчи ме тешеа, беше тешко да се игра во продолжението“, изјави Мем.