Третиот полуфиналист на машкиот турнир на Олимписките игри е селекцијата на Данска, која славеше во драматичниот натпревар против Шведска со 32-31.
По првиот дел беше нерешено, 16-16, иако Данците имаа предност во еден момент и од четири погодоци.
Во второто полувреме се играше израмнето, во финишот Данска поведе со плус два, 32-30, но Шведска намали преку Клар.
Хансен промаши пенал, па им даде шанса на ривалите за израмнување, но шутот на Бергендал беше одбранет од Нилсен и победата остана за Данците.
Најдобар стрелец беше Питлик со девет гола, додека кај Шведска се истакна Клар со седум.