Познати групите – еве кој против кого во новата сезона од Женската лига

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за новата сезона во Женската лигата.

Според новиот систем, од оваа сезона Женската лига ќе се игра по групи, кои ќе имаат по пет екипи.

Актуелниот шампион Ѓорче Петров се најде во групата В и ќе игра против Вардар, Деспина, Спартак и Шампион.

По регуларниот дел во кој ќе бидат одиграни десет кола, најдобрите две од групите ќе формираат група за плеј-оф со шест екипи, кои ќе играат двокружно меѓусебе, додека сите останати (вкупно девет), ќе формираат плеј-аут група каде ќе играат еднокружно.

Женска лига, 2024/25, групи:

група А: Чаир, Стружанка, Скопје, Астибо, Ѓорче Петров 2
група Б: Металург Автокоманда, Куманово, Пелистер, Овче Поле СУ, Гевгелија
група В: Ѓорче Петров, Вардар, Деспина, Спартак, Шампион

Женската лига треба да стартува викендот на 7/8 септември, а распоредот на натпреварите ќе биде дополнително познат.