Голманот заврши со репрезентацијата – Унгарија без Миклер против Македонија

Искусниот чувар на мрежата Роланд Миклер, по настапот за Унгарија на Олимписките игри ја заврши репрезентативната кариера.

Миклер не настапи на сите натпревари, во преден план беа Ласло Бартуч и Криштоф Палашич, но кога беше на теренот, бранеше одлично.

Тој нема да биде во составот на Унгарија, која ќе биде ривал на Македонија на Мундијалот во 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Миклер го продолжи договорот со ПИК Сегед на уште една сезона, таму го има вториот мандат, а претходно беше член на Веспрем.