Драмата во четвртфиналето на женскиот олимписки турнир заврши со среќен крај за Шведска чии ракометарки мораа да играат продолженија од 2х5 минути за да стигнат до полуфиналето. Шведска со 36-32 (16-15, 29-29) ја победи Унгарија.
Во полуфиналето противник на Шведска ќе биде репрезентацијата на Франција. Со овој триумф Шведска и се реваншираше на Унгарија з апоразот во квалификацскиот турнир пролетва, и ја продолжуваат трката по медал за кој сонуваат.
Ако во регуларниот дел, и особено во вториот дел Унгарија имаше шанса и водство, само што почна продолжението Швеѓаните „додаоа гас“ и брзо резултатски се одлепија. И така го одржаа водството кое им донесе уште едно полуфинале, по Токио.
Во последната минута од регуларниот дел двете репрезентации постигнаа по еден гол. Прво Вамос зголеми на 29-28, и останаа уште 15 секунди за Шведска. Откако земаа тајмауат, и го поставија нападот на пет секудни до крај Копанг го даде голот што им донесе продолженија.
Шведска се до 38 минута имаше водство, кога првпат поведе. И се до крај на регуларниот дел од натпреварот беше „резултатска клацкалка“ и двата имаа имаа свои минути и водство, кое најмногу беше со „плус 1 “ гол.
Клујбер даде 11 гола за Унгарија, а Вамос даде 6 гола. Кај Шведска 7 гола постигна Капанг, а еден помалку дадоа Хсгмана, Блом и Хансен.