Хрватска беше елиминирана уште во групната фаза на Олимписките игри, кои беа последни во богатата кариера на легендарниот Домагој Дувњак.
Капитенот на Хрватска најави крај на репрезентативната кариера, па останува нејасно дали ќе биде дел од тимот на Мундијалот во 2025, кој се игра во Хрватска, Данска и Норвешка.
„Направивме многу технички грешки со Шпанците. Кога се вративме во игра, ни фалеше гол. На крајот останавме пократки за два. Ова е дефинитивно турнир на кој потфрливме. Минималната цел беше да влеземе во четвртфиналето. Мораме со ладни глави да седнеме и да видиме каде беше проблемот. Да завршиме на петтото место од шест екипи, не е убаво. Пропуштивме прилика против Словенците, жал ми е за дечките, но тие ќе имаат и други прилики за ОИ. Јас сигурно веќе нема да играм на ОИ. Ми беше убаво со момците, но дома имам три деца. Морам да размислам што и како понатаму…“, изјави Дувњак.
Хрватите сега ги чека стартот на квалификациите за ЕП 2026, а во јануари следната година настапот на Мундијалот.