Скандинавското дерби на Олимписките игри и припадна на Данска, која славеше против Норвешка со 32-25.
Прашањето околу победникот беше решено уште по првото полувреме, кога Данска водеше и со седум гола разлика, а на пауза се замина со 17-12.
Во вториот дел уште повеќе доминираа избраниците на Николај Јакобсен и не дозволија ниту мала неизвесност во поглед на конечниот резултат.
Најдобри стрелци во победничката репрезентација беа Питлик со девет и Јоргенсен со пет гола, а голманот Нилсен имаше 13 одбрани, додека во составот на Норвешка се истакнаа Рајнкинд и Блонц со по пет погодоци.
Данска во четвртфиналето на ОИ ќе игра против победникот од дуелот меѓу Шпанија и Хрватска, додека Норвешка ќе се сретне со Словенија.