ПАРИЗ 2024: Шведска ја демолира Јапонија и се „чекира“ за Лил

Машката репрезентација на Шведска се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри по триумфот над Јапонија со убедливи 40-27.

Избраниците на Глен Солберг сега имаат шест бода на третото место, и ги оставија Шпанија и Хрватска, од кои Шведска има подобар скор, да решаваат за последниот патник меѓусебе.

Победникот против Јапонија беше познат уште по првото полувреме, кога Шведска поведе со 16-9.

Вториот дел беше само формалност и прашање беше со колку голови ќе триумфираат скандинавците.

Во составот на Шведска, освен голманите Тулин и Паличка, сите други се запишаа во листата на стрелците, а најдобар беше Готфридсон со пет гола, додека кај Јапонија се истакна Сугиока со девет погодоци.