ПАРИЗ 2024: Данска со победа го запечати четвртфинале – еве ги сите двојки за Лил

Селекцијата на Данска славеше убедливо против Кореја со … и од првото место на табелата оди во четвртфиналето на Олимписките игри.

Како и на сите натпревари од последното коло, така и овој беше решен уште по првите триесетина минути, кога Данска водеше со 13-8.

Во второто полувреме доминираше скандинавската селекција и мечот го заврши со победа од осум погодоци, 28-20.

Кај Данска по шест пати погодуваа Ане Мете Хансен и Кристина Јоргенсен, додека кај Кореја, пет гола даде Во.

Со комплетирањето на петтото коло од групната фаза познати се сите четвртфинални двојки, а овие натпревари ќе се играат во Лил.

Олимписки игри, четвртфинале:

Франција – Германија
Данска – Холандија
Норвешка – Бразил
Шведска – Унгарија