ПАРИЗ 2024: Норвешка ја прегази Германија и со стил оди четвртфиналето

Репрезентацијата на Норвешка ја забележа чевртата победа во групната фаза на Олимписките игри, откако славеше против Германија со 30-18.

Норвежанките демонстрираа моќ, погодуваа од сите позиции и уште по првиот дел го најавија убедливиот триумф, 14-8.

Во вториот дел се чекаше само конечната разлика, а Германките ќе мора да чекаат пораз на Кореја од Данска за да знаат дали продолжуваат во ТОП 8.

Најдобри стрелци во норвешкиот состав беа Реистад со осум и Офтедал со четири, додека кај Германија по три дадоа Болк и Дол.