ПАРИЗ 2024: Влах даде 14 гола, Словенија слави олимписко четвртфинале!

Maшката репрезентација на Словенија се пласираше во четвртфиналето на Олимписките игри, откако ја победи Јапонија со 28-27.

Иако потешко од очекувањата, избраниците на Урош Зорман ја оствариja клучна победа што им носи место во ТОП 8.

Неверојатна партија имаше Алекс Влах кој и даде 14 гола на азиската репрезентација, а екс вардарецот Косуке Јасухира беше најдобар со седум гола кај Јапонија.

На паузата беше 15-15, потоа Словенија имаше и плус три во вториот дел, но упорните „самураи“ се вратија на минус еден.

Сепак искусниот словенечки состав го имаше последниот напад и не дозволи да се случи нешто непредвидено.

Сега Германија и Словенија имаат по шест бода, додека Шведска, Шпанија и Хрватска се на четири, и една од овие три селекции нема да игра во четвртфиналето.