ПАРИЗ 2024: Паличка „полуде“ на голот, Шведска ја нокаутираше Хрватска!

Иако Шведска настапи без Јим Готфридсон, се покажа дека е пресилна за Хрватска. Предводена од голманот Андреас Паличка, скандинавската репрезентација убедливо ја победи Хрватска со 38-27.

Иако на стартот Хрватите беа тие што диктираа темпо и резултат, имаа и плус четири во повеќе наврати, но во финишот на полувреме почнаа многу да грешат, Паличка се разбрани и Шведска замина со плус три на пауза, 18-15.

Победникот беше решен на стартот на вториот дел. Шведскиот голман продолжи со одличната игра, неговите соиграчи во нападот ги казнуваа сите хрватски грешки. Пелас, Карлсбогард, Карлсон…погодија пет пати за минути и Шведска поведе со 23-15.

Тука заврши мечот за Хрватска, иако капитенот Дувњак се обиде да повлече, во еден момент намалија на минус шест, но Шведска беше во налет и до крајот на мечот не допушти ниту една шанса за камбек на „коцкестите“.

Паличка имаше 15 одбрани, додека најдобар шведски стрелец беше Пелас со девет погодоци. Во составот на Хрватска се истакна Мартиновиќ со осум погодоци. На табелата во групата А сега е вистинска бркотница бидејќи пет селекции – Шведска, Хрватска, Германија, Шпанија и Словенија имаат по четири бода.