Машката репрезентација на Данска ја запиша и четвртата победа на Олимписките игри, откако славеше против Унгарија со 28-25.
Данска сега има максимален ефект, осум бода на првото место и ако Норвешка го добие Египет, двете скандинавски селекции ќе се борат за првото место во групата.
Унгарците пружија отпор во првиот дел, во еден момент направија и пресврт по водството на Данска и поведоа со 11-9.
До паузата избраниците на Јакобсен се вратија во егал, а во последната минута пред одморот постигнаа два гола и водеа со 16-14.
Во вториот дел Данците не се „претргнаа“, но одиграа доволно добро за да немаат проблеми во завршницата на мечот.
Најдобар стрелц во данската репрезентација беше Гидсел со осум погодоци, додека Ландин имаше десет интервенции. Во составот на Унгарија се истакна Илиќ со пет гола, а ветеранот Миклер собра 14 одбрани.